видео обука
Предмети во домот и облека
Често, децата со аутизам во домот самите се послужуваат со се што имаат потреба без да влегуваат во комуникација со домашните. Понекогаш, можеби ќе посакаат одреден предмет кој не е во нивното видно поле и заради тоа можат да бидат вознемирени. Исто така, кога станува збор за облеката, можеби денес сакаат да облечат нешто кое го виделе во фиоката, но тоа во моментов е во пералната. Затоа потребно е од најмала возраст да ги научиме на комуникација. Доколку немаат развиен орален говор тогаш тоа го правиме со визуелна поддршка или со знаковен јазик.
Play Video
Доколку имате прашања во врска со оваа презентација испратете ги на: contact@sinasvetulka.mk
Споделете со пријателите: