МОЖАМ

ДА ИГРАМ

Прифати ме!

МОЖАМ

МОЖАМ

ДА САКАМ

Покажи ми!

МОЖАМ

МОЖАМ

ДА УЧАМ

Помогни ми!

МОЖАМ

МОЖАМ

ДА РАБОТАМ

Научи ме!

МОЖАМ

МОЖАМ

ДА СОНУВАМ

Поддржи ме!

МОЖАМ

за нас

ние сме оптимисти, веруваме во подобар свет за лицата со аутизам

Постоиме за да го подобруваме квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства, да ја подигнуваме свеста за нивниот потенцијал преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам, нивните семејства, професионалците и општата јавност.

видео обуки

онлајн поддршка во домот преку видео семинари

Ненадејните промени настанати во време на COVID-19 се голема тежина за сите а особено за децата со аутизам кои поминуваат низ подолга фаза на адаптација. Тие се соочуваат со дополнителни предизвици во разбирањето на новата состојба и создавање на нови рутини. Преку овие видео обуки ќе научите како да им обезбедите правилна поддршка на лицата со аутизам.

Подолу се нашите најнови видео обуки, за да ги видите сите кликнете тука.

семинари, обуки и проекти

надгради го своето знаење и помогни во создавање на инклузивно општество

Редовно организираме семинари, обуки, учествуваме во проекти, а исто така организираме и обуки за едукација на наставници, специјални едукатори и рехабилитатори и други професоналци за предучилино, основно, средно образование и работно усовршување на едукативни центри и едукации на возрасни.

Со посетата на нашите семинари и курсеви за обука, кои исто така се одржуваат и во рамките на Еразмус + КА1 програмата ќе го надградите вашето знаење и вештини и ќе добиете нова перспектива во Вашиот професионален развој.