видео обука
Светот на Биби шарен е цел
Обидете се да научите детска песничка на едноставен знаковен јазик. Начинот на кој вие учите е еднаков на начинот на кој учат и децата со аутизам – по пат на имитација. Додека им пеете на децата покажувајте им ги знаците. На тој начин заедно ќе вежбате. Песничката „Светот на Биби шарен е цел“ е еден пример кој треба да ве охрабри во употребата на едноставен знаковен јазик и адаптација на детски песни со што ќе го поттикнете развојот на говорот и ќе ги развиете комуникативните вештини кај децата кои се наоѓаат во спектарот на аутизам.
Play Video
Доколку имате прашања во врска со оваа презентација испратете ги на: contact@sinasvetulka.mk
Споделете со пријателите: