новости и публикации​

Донација од Комисијата за хартии од вредност по повод „Денот на
знаковниот јазик“

По повод одбележувањето на Денот на знаковниот јазик, Комисијата за хартии од вредност ни подари вредни материјали кои ќе имаат значајно влијание врз нашата работа и мисија. Знаковниот јазик кој се користи кај лицата со оштетен слух, се користи и кај лицата со аутизам во форма на едноставен знаковен јазик.

Едноставниот знаковен јазик е повеќе од средство за комуникација — тој е алатка за
разбирање, поврзување и развој. Кај децата со аутизам, знаковниот јазик помага во
изразувањето на основните потреби, но, исто така претставува потенцијал за
поттикнување на развојот на говорот.


На нашата веб-страница можете да ги погледнете видеоинструкциите
за едноставен знаковен јазик – практични, достапни и наменети за сите кои сакаат да
научат и да поддржат комуникација без бариери.


Од срце благодариме на Комисијата за хартии од вредност. Ни овозможивте алатки
кои ќе ни помогнат да создадеме повеќе насмеани лица. Благодарение на вас, нашите
насмевки станаа погласни.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.