новости и публикации​

Health project - Тренинг на родители и здравствени работници

Тренинг на родители и здравствени работници за постапување со лицата со нарушувања од спектарот на аутизам при медицински прегледи и интервенции

Првата активност во 2025 година ја започнавме со организацијата на тренингот во рамките на проектот HeAlth во Белград во периодот од 21 до 22 јануари. Домаќин на настанот беше фондацијата “Хиљаду жеља” во соработка со Институтот за ментално здравје на Србија.

Откако Сунчица Петровиќ им посака добредојде на присутните, доц. д-р Јасмина Трошанска ги воведе во карактеристиките, предизвиците и јаките страни на лицата со аутизам преку интерактивно предавање, а потоа проф. Д-р Мирјана Џорџевич зборување за бариерите со кои се соочуваат овие лица во здравствениот систем.

Од страна на присутните се разви интересна дискусија при што имавме можност да ги слушнеме личните искуства на лекарите и сестрите, идеите на студентите по медицина и предлозите на родителите на лицата со аутизам. Нашите партнери од Аутизмо Бургос зборуваа за менталното здравје и за организацијата на третманот на лицата со аутизам во одделот на итни случаи и процесот на хоспитализација.

Професор д-р Ненад Глумбич зборуваше на предизвиците на оралното здравје и превентивната здравствена заштита а Александра Фака од Вимодо практично им помогна на присутните да создадат примероци на материјали за поддршка на здравствените услуги за лицата со аутизам, како што се социјални приказни, визуелна поддршка, токен системи и изврши презентација на различни уреди за комуникација.

После завршувањето на состанокот, на 23-ти се тимот го одржа третиот транснационален состанок на кој се договорија идните активности во периодот што следува.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.