предавач

Јасмина Трошанска

Јасмина Трошанска

Јасмина Трошанска е претседател на Здружението, специјален едукатор и рехабилитатор која има 17 годишно теоретскo и практично искуство во работата со деца со нарушувања од спектарот на аутизам. Таа исто така е и Монтесори педагог за деца на возраст од 3-6 години. Во текот на своето работно искуство има посетувано голем број на обуки за современите и евалуирани третмани од областа на аутизмот како што се: ABA, PECS, TEACCH, Brain Gym и Сензорна интеграција. Исто така, има посетувано и учествувано со сопствени трудови на голем број на конференции во земјата и странство. Се појавува како автор и ко-автор на 33 научни трудови кои се издадени во Р. Македонија и во странство. Често пати е ангажирана како стручен соработник на Бирото за развој на образование, консултант за дневни центри и детски градинки и предавач на студиите за специјална едукација и рехабилитација. Од 2010 година активно работи на меѓународни проекти, држи едукации за родители и професионалци, учествува на трибини, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството.

видео семинари од

Јасмина Трошанска

Пример на социјална приказна - Лутина

Создавање и употреба на социјални приказни

Сетилата кај нарушувањата од спектарот на аутизам - Справување со сензорните разлики

Однесувањето кај децата со аутизам-справување со кризни ситуации

Структуирано учење-Креирање на индивидуализиран распоред

Стратегии за справување со неизвесни ситуации

Организираме бесплатни консултации!

Доколку во семејството се соочувате со предизвиците на нарушувањата од спектарот на аутизам и би сакале да дознаете повеќе, ќе ни биде задоволство доколку можеме да Ви помогнеме!

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.