новости и публикации​

Книга за активности наменета за родители на деца со аутизам

Тимот на проектот STEAMing Ahead, создаде книга за STEAM активности наменета за родители на децата со аутизам. Книгата е достапна на официјалната веб-страница на проектот.

Оваа книга за активности, содржи STEAM активности прилагодени според специфичните потреби на децата со аутизам.

Покрај активностите за наука, технологија, инженерство, уметност и математика, таа содржи теми како што се:

  • Преглед на нарушувањата од спектарот на аутизам;
  • Разбирање на STEAM образованието и неговите придобивки за децата со аутизам;
  • Откривање на силните страни и предизвиците на детето;
  • Интегрирање на STEAM дисциплините во раскажување на приказни и адаптации за инклузивно раскажување на приказни;
  • Насоки за родителите за тоа како да го подготват домот за STEAM учење и како да интегрираат мали STEAM активности, кои лесно се изведуваат, во секојдневните рутини.

Оваа книга е достапна на англиски, македонски, грчки и норвешки јазик.

Македонската верзија на книгата може да се преземе на овој линк.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.