новости и публикации
AutisMUSIC - Иновативна музичка платформа за деца со аутизам
Проектот AutisMUSIC има за цел да создаде едукативна платформа за наставници која ќе помогне во подобрување на емоциите, мотивацијата, интерперсоналните и социјалните реакции кај децата со аутизам.
Користејќи иновативен „начин на учење насочен кон детето“, музичките активности вклучуваат пеење, ритам, свирење на различни инструменти, движење, танцување и комуникациски активности. Ваквиот пристап има за цел да им помогне на децата со доцнење и пречки во развојот во наставниот процес.
Од 17-21 март 2025 година во Никозија, Кипар се одржа обука за проектот Autismusic и негова имплементција во образовниот систем. На обуката учествуваа наставници од РС Македонија, Кипар, Полска и Португалија.
Главната цел на оваа обука беше презентирање и практична примена на сите алатки и содржини од платформата autismusic.eu



Оваа платформа претставува сеопфатен ресурс наменет за работа со ученици со ASD.
Во следната фаза треба да следи презентација и обучување на наставници со цел имплементација на оваа платформа во образовниот систем на РС Македонија.
Цврсто веруваме дека оваа платформа и нејзина упореба од страна на наставниците во нашата земја ќе допринесе за подобрување на емоциите, мотивацијата, интерперсоналните и социјалните реакции кај децата со аутизам.
Споделете со пријателите: