новости и публикации
Сексуално образование за сите: Тренинг на даватели на услуги за поддршка на лицата со аутизам (SexEd4All)
Сексуално образование за сите: Тренинг на даватели на услуги за поддршка на лицата со аутизам (SexEd4Al) е проект финансиран од Еразмус + програмата.
Овој проект е насочен кон давателите на услуги за поддршка на лицата со аутизам, а идејата потекнува од потребата за сеопфатно сексуално образование (CSE) за сите, вклучително и лицата со нарушување на спектарот на аутизам (ASD). Сексуалноста е дел од секој човек. Децата и младите треба да бидат запознаени со сексуалноста и предизвиците кои ги носи. Запознавањето на децата и младите потребно е да биде на начин прилагоден на нивната возраст, фаза на развој и специфични потреби.
На овој начин ќе им се овозможи да се однесуваат одговорно не само кон себе, туку и кон другите во општествата во кои живеат (СЗО, 2010). CSE е многу важно и тоа има за цел да им даде на младите знаења и вештини што им се потребни за да се справуваат со нивното здравје и да формираат рамноправни, соодветни и безбедни односи ослободени од дискриминација, принуда и насилство.

На 17 март 2025 година, во Луксембург, присуствувавме на почетен состанок кој го организираше координаторот- организација Семејно планирање Луксембург.
За време на оваа средба го посетивме Центарот за планирање на семејството (https://pfl.lu/), а потоа и Фондацијата за аутизам од Луксембург (https://www.fal.lu/en/), каде што ни презентираа моменти од нивното секојдневно работење.


На оваа средба Сина Светулка ја презентираше методологијата на истражување и анкетата за стручни лица и родители. Оваа анкета има за цел да ја истражи подготвеноста на родителите и професионалците да практикуваат сеопфатно сексуално образование со младите со аутизам.


Дополнително, на состанокот се разговараше за идните задачи на овој проект: процесот на креирање водич на оваа тема, развој на платформа за е-учење и серија едукативни видеа. Беше презентирано логото на проектот и њеб страната. На кракот на состанокот, ги договоривме и датумите за нашите претстојни состаноци во 2026 година.
Споделете со пријателите: