новости и публикации
Успешно организирана обуката во рамките на проектот “Overcoming Challenges of ASD During Uncertain Times”
Во периодот од 26 Април до 3 мај се одржа обуката во рамките на проектот “Overcoming Challenges of Autism Spectrum Disorders During Uncertain Times” финансиран од страна на Еразмус + програмата KA153-YOU - Mobility of youth workers.
Нашите гости, учесниците во обуката, допатуваа од повеќе дестинации од Европа, од Словенија, Италија, Шпанија, Германија, Србија и Полска. Имавме можност да работиме заедно со родители на деца со нарушувања од спектарот на аутизам, со брачни партнери на лица од спектарот, студенти на специјална едукација, специјализанти на психијатрија, наставници од редовни училишта, специјални едукатори и рехабилитатори, сите ентузијасти, членови на организации кои секојдневно работат на подобрување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам.
Обуката беше интерактивна, сите учевме едни од други, разменивме голем број на искуства и веќе направивме планови за идни соработки со кои секоја организација ќе придонесе во својата држава, но и со своите искуства ќе им помогне на другите.
Ова беше одлична можност да се промовираме како организација и да ја зајакнеме нашата соработка со земјите од Европа и да ги споделиме нашите знаења за справување со предизвиците во однесувањето кај лицата со нарушувања од спектарот на аутизам. Исто така, во рамките на проектот, секој слободен момент го искористивме за промоција на нашата држава.
Временската прогноза беше одлична, при што, на подножјето на Шара, освен што се едуциравме, имавме заеднички мултикултурен пикник за 1 Мај Денот на трудот, прославивме 2 родендени на нашите гости, го посетивме нашиот бисер Охрид и ги пробавме сите наши специјалитети. На крајот, се разделивме со прегратки, подароци и со желби за повторна средба.
Споделете со пријателите: