новости и публикации​

Град Скопје со силна поддршка за нашиот нов проект

На 11.04.2022 потпишавме договор со Град Скопје за реализација на проектот „Развој на вештини за подготовка за училиште на децата со аутизам“.

Проектот е наменет за интензивна работа по методот на ABA со мала група на деца со аутизам кои следната година треба да тргнат во прво одделение. Целта е развој на вештини за групна работа кои се неопходни за вклучување во одделението каде ќе припаѓа детето.

Во текот на работата со децата, паралелно, ќе се врши обука на специјален едукатор и рехабилитатор за работа по овој метод од страна на експерт во оваа област од САД и детално следење на напредокот на децата со помош на соодевтни инструменти за следење. 

Покрај овој проект, имавме можност да ја запознаеме градоначалничката со нашите тековни проекти, посебно со “Positive parenting (P+)” и “The A Class” кои се во втората половина од нивната реализација, во рамките на кои наскоро ќе се одржат обуки за наставници и родители од областа на аутизмот. 

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.