новости и публикации
Заедно со Korrunners го обележавме светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот
На 2 април 2021 - Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележа симболично заедно со атлетскиот клуб „Korrunners“ на кејот на реката Вардар каде 50-тина лица симболично истрчаа околу три километри со сини маички на кои беа испечатени симболите на двете организации.
Овој настан имаше за цел да ја подигне свесноста за посоодветно образование и подготовка на лицата со аутизам за рамноправно учество на пазарот на трудот и потребата од вклучување во спортски активности кои се многу значајни за одржување на физичкото и психичкото здравје.
Во текот на овој ден здружението „Сина светулка“ беше застапено со три видео прилози: во ТВ Алфа, ТВ Сител, додека турската агенција Анадолија направи посебен прилог за овој настан.
Покрај видео прилозите, нашата активност беше покриена со голем број објави во македонските интернет портали.
Во услови на пандемија сите се соочуваме со предизвици а посебно децата со аутизам, нивните семејства и сите професионалци кои работат со оваа проблемтика.
Во процесот на градење на нашето инклузивно општество сите ние активно учествуваме, но децата со аутизам се најголемите борци кои го прават патот за сите нас за подобра иднина.
Споделете со пријателите: