новости и публикации
Учество на обука во рамките на проектот “Позитивно родителство (P+): тренинг на родители на деца со аутизам за проблемите во однесувањето на децата и подучување на важни социјални вештини”
Во периодот од 9-ти до 13-ти мај, нашиот тим беше дел од обука која се одржа во градот Брно во Чешка, како дел од проектот “Позитивно родителство (P+): тренинг на родители на деца со аутизам за проблемите во однесувањето на децата и подучување на важни социјални вештини”.
Имавме можност да работиме заедно со нашите партнери од Романија, Чешка, Кипар, Шпанија и Италија. За време на обуката беше презентирана наставна програма за позитивно родителство. Фокусот на наставната програма за позитивно родителство е обезбедување едукација на потенцијалните обучувачи на старателите на деца со аутизам за соодветна употреба на аналитички стратегии на однесување за подобрување на однесувањето. Секоја партнерска организација активно беше вклучена во обуката и презентација на материјалите.
За време на оваа недела учесниците имаа можност да ги поминат сите тематски области на наставната програма за позитивно родителство и да разговараат за разбирање на аутизмот, што е методот АБА и како можеме да го користиме при работа со деца со аутизам, што значи поткрепување и како можеме ефективно да го користиме.
Нашиот тим зборуваше за системот на токен економија во теорија и пракса како и градење на систем на токенска економија во домот.
Другиот дел од обуката беше фокусиран на обука за функционална комуникација, учење на социјални вештини на децата со аутизам, справување со предизвикувачко однесување во домот, препознавање на некои предупредувачки знаци и техники за смирување.
Споделете со пријателите: