новости и публикации​

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Во периодот од 4 до 6 Јули се реализираше тренинг за тренери во рамки на Еразмус + проектот TIPS, во Бургос,Шпанија. Проектот има за цел креирање на курикулум, дигитална игра и интерактивни дигитални стрипови за развој на социјални вештини кај децата со аутизам. Домаќин на тренингот беше организацијата Autismo Burgos која е насочена кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните фамилии.

За време на тренингот имавме можност да работиме заедно со нашите партнери од Шпанија, Кипар, Данска, Грција и Франција. Секоја партнерска организација имаше можност да ги претстави материјалите кои ги имаат изработено изминатиот период во рамки на курикулумот, дигиталната игра и дигиталните интерактивни стрипови.

За време на средбата секоја партнерска организација имаше можност да даде повратна информација и предлози за финализација на материјалите со кои ќе се реализира следниот тренинг за родители, кога нашата организација ќе биде домаќин.

За време на посетата во Бургос, имавме можност да ги посетиме станбените единици за самостојно живеење, нивното посебно училиште и дневниот центар.

Тренингот за родители кој ќе има за цел обука на родителите за користење на двете развиени дигитални алатки и употреба на методот TIP за развој на социјални вештини кај децата со аутизам,  ќе се одржи во септември во Скопје.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Совети за развој на комуникација

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Сензорни активности во домот

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Поттикнување и развој на социјални вештини

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Едноставен знаковен јазик

Учество на тренинг во рамките на проектот TIPS

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.