новости и публикации
Втор состанок за проектот AutisMUSIC
На 14 и 15 ноември 2024 година, во Камара де Лобош, Мадеира, се одржа состанок за проектот AutisMUSIC: Иновативна музичка алатка за деца со аутизам за подобрување на емоционалните, мотивациските, интерперсоните и социјалните реакции.
Состанокот организиран од Escola B1PERancho e Caldeira во улога на домаќин и WSBINOZ – Полска, во улога на координатор на проектот, претставуваше значаен чекор во спроведувањето на проектните активности.
Се собраа претставници од партнерските организации од Полска, Португалија, Кипар и Македонија, со цел да се проценат постигнатите резултати и да се планираат идните чекори. Се дискутираше за развојот на наставниот пакет за AutisMUSIC, како и за одржливоста и квалитетот на проектот, по што состанокот заврши со резиме на резултатите.
Состанокот резултираше со:
- Прецизно дефинирани задачи за развој на наставниот пакет за настава по музичко за ученици со АСД.
- Напредок во развојот на е-училишната платформа за настава по музичко.
- Оценка и план за подобрување на квалитетот и одржливоста на проектот.
Искрено се заблагодаруваме на Escola B1PERancho e Caldeira за одличната организација и гостопримство. Продолжуваме со заеднички сили да ги реализираме нашите цели за подобра инклузија преку музиката.
Споделете со пријателите: