новости и публикации​

Родители на обука во Кипар

Иако е лето, Сина светулка постојано работи на подобрување на квалитетот на живот на децата со нарушувања од спектарот на аутизам и нивните семејства. Во периодот од 25ти до 29ти Јули, во Никозија (Кипар) се одржа обука за родители кои имаат деца со нарушување во спектарот на аутизам во рамките на проектот Позитивно родителтво (P+) финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ.

Целта на обуката беше стекнување на знаења и вештини за примена на ABA техники во домот. Секоја држава партнер во проектот, држеше обука во својот домен. Во текот на 5 дена родителите и обучувачите имаа можност да разговараат за материјалите кои се креирани во текот на проектот како што се водичот за родители, мобилната апликација за учење и онлајн платформата. Сите тие ќе бидат достапни и на македонски јазик преку интернет страницата на проектот.

Исто така, родителите од сите партнерски организации имаа можности да се дружат, да разменуваат мислења и да споделуваат сопсвени искуства. Следната фаза на проектот ќе биде промоција на интернет страницата на јавен настан за кој наскоро ќе објавиме детали.

Уште еднаш се потврди дека соработката помеѓу родителите и професионалците е бесценета алка во креирање и спроведување на третманот на децата со нарушувања од спектарот на аутизам.

Покрај работните активности, имавме можност да го искористиме убавото време и позитивната енергија и да посетиме неколку културно-историски обележја на Кипар како и дел од популатните туристички места.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.