новости и публикации​

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Во април, 2022 година, започнавме со реализација на активностите кои се во рамки на проектот „Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам“ кој се реализира со поддршка на Град Скопје. Во изминатиот период целосно се спроведоа првите две предвидени активности од проектот.

Главната цел на проектот претставува развој на вештини за подготовка за училиште на децата со нарушување од спектарот на аутизам, со цел подобрување на квалитетот на нивното образование, а со тоа и квалитетот на живеење, како и нивно соодветно вклучување во редовниот образовен систем. За остварување на оваа цел како дел од проектот беа вклучени четири деца со аутизам, кои во септември оваа година започнаа во прво одделение и нивните родители. Проектот започна со интервјуа со родителите на децата и проценка на самите деца.  Во текот на летниот период  интензивно се работеше со самите деца, индивидуално и во мала група, користејќи го методот за работа ABA (Applied Behavior Analysis), со фокус на оние социјални и едукативни вештини кои самите деца треба да ги стекнат пред започнување во основното образование.

За успешноста на проектот одговорни за реализација на оваа активност беа сертифициран АБА терапевт од Америка, која беше одговорна за проценка на децата, одредување на целите за работа, следење на напредокот и мерење на научените вештини, бидејќи има 8 годишно искуство во применување во методот како и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, која под менторство и постојан надзор ги реализираше поставените цели и практично го применуваше ABA методот.

Следната фаза на проектот вклучува соработка со самите училишта каде овие четири деца ќе го започнат нивното основно образование, преку наша поддршка на децата во училиште и организација на обука наменета за нивните родители, наставници и асистенти.

Се надеваме дека нашиот труд, добрата соработка so родителите и училиштата ќе даде успешни резултати во вклучувањето на децата во училишната средина.

Поврзана вест:

Град Скопје со силна поддршка за нашиот нов проект

Град Скопје со силна поддршка за нашиот нов проект

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Совети за развој на комуникација

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Сензорни активности во домот

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Поттикнување и развој на социјални вештини

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Едноставен знаковен јазик

Развој на вештини за подготовка на училиште на децата со аутизам

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.