новости и публикации
“Perfect” проект - „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“
Здружението „Сина светулка“ ( www.sinasvetulka.mk ) заедно со „Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“ (https://ffosz.ukim.edu.mk ) како дел од активностите на проектот „P.Е.rfect“ организираа презентација на проектот под наслов: „Инклузивно физичко и здравствено образование“.
Настанот беше одржан во Кинотека на Македонија на 15.11.2024 година со присуство на наставници и наставнички по физичко и здравствено образовани (31 на број) од цела Македонија. На настанот ќе беа презентирани практичните активности од обуката, резултатите од проектот и материјалите кои се наменети за стекнување на вештини за работа со учениците со нарушувања од спектарот на аутизам кои посетуваат настава во редовните основни училишта.
Настанот го отвори проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје со поздравен говор, а потоа збор зеде и проф. Д-р Андријана Зафировска. Таа зборуваше за потребата од внесување на промени во наставната програма на факултетот и можностите за едукација на идните наставници по физичко и здравствено образование од областа на аутизам и други нарушувања во развојот. Потоа, доц. д-р Јасмина Трошанска присутните ги запозна за карактеристиките на децата со аутизам, нивните јаки страни и можностите за работа со овие ученици. Откако беа презентирани веб страната и платформата за е-учење, заедно со сите материјали, Марина Пешиќ го презентираше “STEP” моделот на адаптација на часовите по физичко и здравствено образование.
Настанот заврши со дискусија за предизвиците со кои се соочуваат наставниците и за можностите за идни проекти и соработка.
Споделете со пријателите: