новости и публикации​

Надминување на предизвиците на аутизмот во време на COVID-19 пандемијата

Во периодот од 6-ти до 13 август здружението „Сина светулка“ беше дел од проектот „Overcoming the Challenges of Autism During the COVID-19 Pandemic” координиран од страна на нашите соработници Understand Autism од Лоѓ, Полска.

Целта на проектот беше зголемување на вештините и знаењата за нарушувањата од спектарот на аутизам и справување со предизвиците на оваа состојба за време на непредвидливи ситуации како што е состојбата со COVID-19 кај 18 претставници од Полска, Македонија, Португалија, Италија, Хрватска, Романија и Словенија.

Нашето здружение беше во улога на учесник, но, и во улога на споделување на знаења и искуства, при што, Претседателот на здруежението доц. д-р Јасмина Трошанска одржа обука за основните карактеристики за аутизмот, справување со сетилата, предизвиците во однесувањето и комуникацијата кај децата со аутизам, како и развој на социјални вештини преку организација на работилници за разбирање на состојбата на децата и лицата со аутизам, креирање визуелна поддршка и креирање на социјални приказни.

Работилниците беа поддржани од страна на нашите домаќини Anna Stojanoska која беше дел од работилницата за сетилата и Katarzyna Pabich која одржа сесија за користење на виртуелната реалност во работата со децата со аутизам.

Во рамките на тренингот, исто така, имавме можност да посетиме звучна масажа од која сите учесници беа воодушевени. За текот на програмскиот дел беше одговорна Monica Bocian.

Учесниците со голем интерес учествуваа во тренингот, разменуваа искуства и остварија контакти за идни соработки. Во рамките на неофицијалните средби, беа разменети информации за културата, традицијата и убавините на секоја од земјите учеснички.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.