новости и публикации​

Доц. Д-р Јасмина Трошанска одржа обука за предизвикувачко однесување

На 22.09.2021 во хотел Александар во Скопје се одржа обука за „Предизвикувачко однесување“ кај децата со посебни потреби за потребите на Еразмус + проектот „Challenging behavior” од страна на Доц.д-р Јасмина Трошанска а во организација на „ПОУ Д-р Златан Сремец“.

На обуката присуствуваа претставници на организациите кои се дел од проектот од Словачка, Латвија и Естонија.

Присутните имаа можност да развијат вештини за разбирање на функцијата на предизвикувачкото однесување, да направат анализа на однесувањето, да стекнат знаења за превентивни и интервентни стратегии, како и да го откријат значењето на евалуацијата на интервенциите врз однесувањата кај децата со посебни потреби.

Обуката беше интерактивна со анализа на голем број на примери од праксата и дисеминација на Еразмус + проектите ASD-EAST, P+ и  The A Class кои се насочени кон создавање на квалитетни модели за едукација на сите стручни лица и родители на деца со нарушувања од спектарот на аутизам.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.