новости и публикации​

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Во периодот од 7-9 Октомври 2022 година во Краков, Полска се одржа 13-тиот конгрес на Аутизам Европа под мотото „Среќно патување низ животот“

Во периодот од 7-9 Октомври 2022 година во Краков, Полска се одржа 13-тиот конгрес на Аутизам Европа под мотото „Среќно патување низ животот“ во организација на Фондацијата Џим од Полска. Програмата на конгресот беше претставена преку трудови од истражувања, примери за најдобри практики во областа на аутизмот, лични искуства и иницијативи. https://www.autismcongress2022.org/

Доц.др. Јасмина Трошанска беше како претставник на здружението „Сина светулка“ и го презентираше својот труд „Позитивно родителство – Р+“ како дел од истоимениот проект (https://inerciadigital.com/project/p/ ).

Беше голема чест и задоволство да се слушнат најновите информации од истражувањата презентирани од страна на Кони Касари која зборуваше за инклузијата на децата во училиште, Петрус де Врис кој се осврна на потребата од „Спроведување на истражувања со релевантност за локалните заедници“, Емили Смирноф која ги презентираше најновите достигнувања во “Интервенциите за ментално здравје за децата и младите луѓе од спектарот на аутизам“.

На конференцијата свое внимание привлекоа и лицата со аутизам кои се самозастапуваат, како што е Ева Фургал која е претседател на организација за жени кои се во спектарот на аутизам и зборуваше за начините на надминување на ексклузијата на возрасните кои се во спектарот. Кетрин Лорд потенцираше каде можат да влијаат интервенциите во аутизмот а каде не можат да влијаат, додека пак Брајан Бојд зборуваше за реконцептуализација на стереотипното однесување кај децата со аутизам. На конференцијата, каде се презентираа приближно 800 трудови, последен истакнат предавач беше Изабел Дзиобек која вниманието на публиката го насочи кон погледот во иднината и искористувањето на технологијата во подобрувањето на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
13-ти конгрес на Аутизам Европа

Совети за развој на комуникација

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Сензорни активности во домот

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Поттикнување и развој на социјални вештини

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Едноставен знаковен јазик

13-ти конгрес на Аутизам Европа

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.