новости и публикации​

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Во јануари, 2023 година, започнавме со реализација на активностите кои се во рамки на проектот „Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование” кој се реализира со поддршка од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Овој проект е во тек и ќе се реализира до 30.06.2023 година.

Главната цел на проектот е соодветна поддршка на децата со нарушување од спектарот на аутизам со цел адаптација во училиште, преку индивидуални и групни третмани за развој на одредени социјални и едукативни вештини.

Во изминатиот период успешно реализиравме дел од предвидените активности. Започнавме со групна и индивидуална работа со пет деца со аутизам кои во септември оваа година започнаа во прво одделение. За време на индивидуалните и групните часови се работи на развој на социјални и едукативни вештини кои им се потребни на самите деца.

Другата цел на проектот е насочена кон едукација на родителите, наставниците и асистентите кои се активно вклучени и ја имаат главната улога во наставниот процес на учениците. За реализирање на оваа цел во месец aприл организиравме и успешно реализиравме три обуки за изработка на визуелна поддршка на учениците со аутизам.

Овие работилници беа наменети за родителите на самите деца, нивните наставници и образовни асистенти. Преку овие работилници наставниците и асистентите имаа можност да се запознаат со специфичните карактеристики на лицата со аутизам, како да ја адаптираат наставата, кои методи и нагледни средства можат да ги користат и како да создадат средина која ќе влијае врз подобрување на социјалните однесувања на учениците.

Преку успешна соработка со родителите, наставниците и асистентите се надеваме на успешна адаптација на учениците во училишната средина.

Проектот е поддржан од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Совети за развој на комуникација

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Сензорни активности во домот

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Поттикнување и развој на социјални вештини

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Едноставен знаковен јазик

Адаптирање на учениците со аутизам во инклузивното образование

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.