новости и публикации​

ООУ „Вера Јоциќ“ го одбележа 2 Април Меѓународниот ден на лицата со аутизам

ООУ „Вера Јоциќ“ го одбележа 2 Април Меѓународниот ден на лицата со аутизам

Обоени во сино, со повик за хуманост, взаемно разбирање и другарство, ООУ „Вера Јоциќ“ го одбележа 2 Април Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

Низ различни активности учениците од училиштето заедно со нивните наставници, директорот и стручната служба под координација на специјалниот едукатор и рехабилитатор  Елена Панова, го одбележаа светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.  Преку сините балони, но и со личен печат од детските дланки, испративме порака за поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување, со надеж дека ќе создадеме подобар инклузивен свет за овие лица и нивните семејства. Да обоиме со сино, да допреме до срцата на сите деца во светот, да изградиме подобра иднина за децата со аутизам. Да направиме поубаво општество за сите.  

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.