новости и публикации​

“Perfect” проект - „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Здружението „Сина светулка“ ( www.sinasvetulka.mk ) заедно со „Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“ (https://ffosz.ukim.edu.mk ) како дел од активностите на проектот „P.Е.rfect“ организираа презентација на проектот под наслов: „Инклузивно физичко и здравствено образование“.

Настанот беше одржан во Кинотека на Македонија на 15.11.2024 година со присуство на наставници и наставнички по физичко и здравствено образовани (31 на број) од цела Македонија. На настанот ќе беа презентирани практичните активности од обуката, резултатите од проектот и материјалите кои се наменети за стекнување на вештини за работа со учениците со нарушувања од спектарот на аутизам кои посетуваат настава во редовните основни училишта.

Настанот го отвори проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје со поздравен говор, а потоа збор зеде и проф. Д-р Андријана Зафировска. Таа зборуваше за потребата од внесување на промени во наставната програма на факултетот и можностите за едукација на идните наставници по физичко и здравствено образование од областа на аутизам и други нарушувања во развојот. Потоа, доц. д-р Јасмина Трошанска присутните ги запозна за карактеристиките на децата со аутизам, нивните јаки  страни и можностите за работа со овие ученици. Откако беа презентирани веб страната и платформата за е-учење, заедно со сите материјали, Марина Пешиќ го презентираше “STEP” моделот на адаптација на часовите по физичко и здравствено образование.

Настанот заврши со дискусија за предизвиците со кои се соочуваат наставниците и за можностите за идни проекти  и соработка.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Совети за развој на комуникација

“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Сензорни активности во домот

“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Поттикнување и развој на социјални вештини

“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Едноставен знаковен јазик

“Perfect” проект – „ИНКЛУЗИВНО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ“

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.