новости и публикации​

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

На 14 и 15 ноември 2024 година, во Камара де Лобош, Мадеира, се одржа состанок за проектот AutisMUSIC: Иновативна музичка алатка за деца со аутизам за подобрување на емоционалните, мотивациските, интерперсоните и социјалните реакции.

Состанокот организиран од Escola B1PERancho e Caldeira во улога на домаќин и WSBINOZ – Полска, во улога на координатор на проектот, претставуваше значаен чекор во спроведувањето на проектните активности.

Се собраа претставници од партнерските организации од Полска, Португалија, Кипар и Македонија, со цел да се проценат постигнатите резултати и да се планираат идните чекори. Се дискутираше за развојот на наставниот пакет за AutisMUSIC, како и за одржливоста и квалитетот на проектот, по што состанокот заврши со резиме на резултатите.

Состанокот резултираше со:

  • Прецизно дефинирани задачи за развој на наставниот пакет за настава по музичко за ученици со АСД.
  • Напредок во развојот на е-училишната платформа за настава по музичко.
  • Оценка и план за подобрување на квалитетот и одржливоста на проектот.

Искрено се заблагодаруваме на Escola B1PERancho e Caldeira за одличната организација и гостопримство. Продолжуваме со заеднички сили да ги реализираме нашите цели за подобра инклузија преку музиката.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Совети за развој на комуникација

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Сензорни активности во домот

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Поттикнување и развој на социјални вештини

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Едноставен знаковен јазик

Втор состанок за проектот AutisMUSIC

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.