новости и публикации
Обука за поддршка на лицата со аутизам на пазарот на трудот
Во периодот од 22-28.06.2024 година во Беникасим во близина на Валенсија, Шпанија беше одржана повеќедневна обука за поддршка на лицата со аутизам на пазарот на трудот. На обуката присуствуваа тројца наши членови кои имаа можност да ги прошират своите знаења и да разменат искуства со другите учесници на обуката.
Самата обука беше фокусирана на моделот на компетентност и на препознавање на вештините и силните страни на луѓето од спектарот што можат да бидат корисни на пазарот на трудот како и на развивање на ефективни стратегии за поддршка на овие лица.
Во рамки на часовите имавме можност да истражуваме различни комуникациски стратегии прилагодени за поединци од спектарот на аутизам и техники за подобрување на социјалните интеракции, разбирање невербални знаци и негување долготрајни односи.
Обуката вклучуваше интерактивни вежби, дизајн на инклузивни материјали, создавање на алатки за поддршка и индивидуализирани планови, се со цел да им се олесни влезот на овие лица на пазарот на трудот.
Во завршувањето на секојдневните обврски имавме можност да уживаме на прекрасните песочни плажи, посета на околните знаменитости како и прошетки во преубавата Валенсија.
Споделете со пријателите: