новости и публикации​

Презентација на платформата за онлајн учење The A Class

На 24.02.2023 во општинскиот младински центар „Матично“ во рамките на Еразмус плус проектот „А-клас - поддршка на учениците со аутизам во редовната училница“ се одржа јавна промоција од страна на здружението „Сина светулка“ (www.sinasvetulka.mk ).

На овој едукативен настан присуствуваа 28 наставници и стручни лица од сите училишта кои спаѓаат во рамките на Општина Центар.

Содржините кои беа презентирани, како дел од проектот, се наставна програма, материјали и практични алатки за работа со ученици со аутизам, кои се достапни онлајн во вид на платформа за самоедукација на наставниците и стучните лица. Кон овие содржини, сите заинтересирани можат да пристапат преку web страната на проектот: https://theaclass.eu/

Настанот започна со презентација на досегашните и идните активности на здружението „Сина светулка“, со презентација на платформата за онлајн учење и материјалите кои се достапни на македонски јазик, а продолжи со интерактивна работилница за „Митови и факти за аутизмот“. Во втората половина од настанот, наставниците од ООУ Ј.Х. Песталоци, кои имаа можност да посетуваат обука за аутизам во Кипар и училишта во Данска ги презентираа своите искуства. На крајот, се разви дискусија помеѓу присутните и предавачите, при што дојдовме до заклучок дека на наставниците им се потребни повеќе вакви кокретни едукации и значајно подобрување на условите за работа за да можат професионално да ги поддржат децата со аутизам во училиштата.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.