новости и публикации​

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Како изгледа да се биде ученик со посебни потреби во образовниот систем во Данска? Кои се предизвиците и можностите за младите лица кои се во спектарот на аутизам? Кога ќе споменете интернат и посебно училиште веднаш ќе помислите на ексклузија, но не е баш секогаш така.

На 14.02. во училиштето SOSU Østjylland (https://www.facebook.com/sosuoj) во градот Архус се одржа последниот транснационален состанок во рамките на „А-клас“ проектот на кој присуствуваа партнерите од Македонија, Кипар, Хрватска, Шпанија, Италија и домаќинот од Данска. На состанокот беа договорени последните промени на материјалите и онлајн едукативната платформа кои наскоро ќе бидат дотапни на линкот https://theaclass.eu/  

Во рамките на посетата присуствуваме на „А-клас“ конференцијата (15.02.2023) на која имавме можност да слушнеме за последните статистики за бројот на лица со аутизам, дијагностиката на возрасни и можностите во однос на образование, работа и самостојно живеење во Данска.

Кристиен Бро, која е екстерен професор на Алборг универзитетот зборуваше за дилемата „Доколку намерите се добри, зошто е толку тешко да се интегрираат децата/младите лица/ возрасните во   образованието/општеството?“. Потоа две девојки Силке и Наја кои се дел од организацијата за млади за аутизам „Autime Ungdom” создадена од лица со аутизам на возраст од 13 до 30 годишна возраст зборуваа од свои лични искуства кој е патот на образование, стручно, работно оспособување и вработување на младите кои се во спектарот на аутизам во Данска.

Потоа, Ание Смедегард, училишен психолог и наставник посвети внимание на поголема „присутност“ на наставнците за време на часот со цел подобрување на работата во одделението во кое учи детето со аутизам. Таа спомена дека интеграцијата многу зависи од наставникот и од неговата желба да успее. Координаторот на проектот, Ниелс, освен што на почетокот сите ги запозна со проектот, зборување и за NEST одделенијата во Данска, како нов модел на интеграција каде на 4 деца со аутизам, во посебна паралелка за аутизам им се придружуваат 16 врсници со невротипишен развој.

За крај, се зборуваше за професијата наставник, како менаџментот на училиштата зависи од бројот на децата кои го посетуваат училиштето и што треба да се направи за да се подобри образованието и да стане поинклузивно, во насока на зголемување на бројот на деца што ќе води до зголемување на буџетите на училиштата а со тоа и подобрување на ресурсите и условите за настава.

На 16.02. имавме можност, благодарение на домаќинот, да посетиме училишта во Данска.

Во прекрасната шума Мерселисборг, со поглед на морето Категат се наоѓа специјалното училиште со интернат Егмонт (Egmont Højskolen) во кое се сместени околу 250 ученици од кои половината се ученици со посебни потреби. Училиштето, кое ги има сите услови за децата со посебни потреби вклучува активности кои се потребни за секојдневниот живот, како што музика, уметност на керамика и стакло, мултимедијална продукција, готвење, работилница за изработка на дрво, кабинет за компјутерски игри, филмотека и спортска сала и двор комплетно адаптиран за практикување на различни видови на спорт.

Карактеристично за ова училиште е што, освен деца со попреченост има исто толку деца- средношколци без попреченост кои самите „избрале“ да поминат 6 месеци во оваа образовна институција, да учат и истовремено да се грижат за своите врсници со попреченост. Сите деца, всушност, учат, работат и живеат заедно во еднокреветни (децата со попреченост) и двокревентни соби опремени со се што им е потребно за независен живот. 3 деца без попреченост имаат обврска 24 часа да се грижат и дружат со 1 лице со попреченост, што би значело заедничка настава, спортски активности, слободно време, слушање музика, друѓтени игри итн.

На прашањето „Зошто избра дел од твоето образование да го поминеш во ова училиште и да живееш и да се грижиш за твој врсник со посебни потреби? Дали сакаш во иднина да станеш медицинска сестра или социјален работник? Или можеби специјален едукатор и рехабилитатор?“ одговорот на овие прашања беше негативен. Вистинскиот одговор беше „Затоа што ова што го правам има смисла“. Во училиштето се чувствува енергијата на младите, подготвеноста за предизвици, за забава и дружење. Преку вклучување на средношколците во училиштето, преку нивниот елан и позитивна енергија, се надминува можноста за професионално согорување на кадарот на училиштето.

Кога ќе споменете интернат и посебно училиште веднаш ќе помислите на ексклузија. Но, училиштето изгледа како бајка, како нешто невозможно, а сепак реално и вистинито. Училиштето е подготвено и веќе има меѓународна соработка со училишта од Европа и пошироко.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Совети за развој на комуникација

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Сензорни активности во домот

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Поттикнување и развој на социјални вештини

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Едноставен знаковен јазик

„А-клас“ транснационален состанок, интернационална конференција и студиска посета на училишта во Данска

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.