новости и публикации​

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Иако за некого се започнати летните одмори, партнерите на проектот интензивно работат на реализација на предвидените активности. Во периодот од 11 до 15 Јули 2022, на Педагошкиот факултет при универзитетот Масарик (Маsaryk) во Брно, Република Чешка се одржа трнинг за наставници - тренери на тема „Користење на стратегии за справување со однесувањето во училница“.

Секоја партнерска организација беше претставена од три лица. „Сина светулка“ ја претставуваа доц. др. Јасмина Трошанска, претседател на Здружението и Билјана Стојаноска и Симона Мирчевска, наставнички по англиски јазик од ООУ „Ј. Х. Песталоци“. Во рамките на тренингот секоја организација ги претставуваше материјалите кои ги креираше во рамките на својот модул, при што „Сина светулка“ е одговорна за запознавање со нарушувањата од спектарот на аутизам и запознавање со општите поими на ABA  (Applied Behavior Analysis). Содржината на целиот тренинг и иновативните материјали, кои ќе бидат достапни онлајн, се изработува од страна на голем број професионалци од сите партнерски организации, при што, од Македонија, значаен удел имаат и м-р Мери Нолчева и Петар Георгиевски.

Специфичните теми кои ќе бидат достапни онлајн и за кои наставниците од редовните училишта ќе имаат можност да се едуцираат се: стратегии за справување со однесувањето, функции на однесувањето, користење на поддршка во училница, гаснење на однесувањето, токен економија и условувања во групи.

На средбата беа договорени последните чекори на финализација на материјалите со кои ќе се реализира следниот тренинг на наставници во Кипар од 10 до 14 Октомври 2022 година. Секоја партнер организација ќе има можност да испрати по пет наставници кои ќе добијат едукација за користење на материјалите кои се креираа во рамките на овој проект, во период од 3 години.

Следниот, последен транснационален состанок ќе се одржи во Загреб од 9-ти до 10-ти Ноември 2022 година.

The A Class project можете да го следите на www.theaclass.eu или нa Facebook.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Совети за развој на комуникација

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Сензорни активности во домот

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Поттикнување и развој на социјални вештини

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Едноставен знаковен јазик

Тренинг во рамките на A – class проектот: Интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовните училишта, Брно, Република Чешка

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.