видео обука
Подготовка на чај
Преку видеото е демонстрирана постапката за правење на чај, без визуелна поддршка, со аудитивна и гестовна поддршка. Лицето со АСН кое го приготвува чајот е веќе во фазата во која самостојно почнува да приготвува чај и кафе, но сé уште има потреба од гестовна или звучна помош и поддршка бидејќи покажува одредени несигурности при извршување на рутински активности. Лицето е веќе зрела личност која постепено се оттргна од визуелната поддршка при одредени активности, додека за најголем дел од секојдневните рутински активности покажува зависност од визуелни и асистивни помагала.
Play Video
Доколку имате прашања во врска со оваа презентација испратете ги на: contact@sinasvetulka.mk
Споделете со пријателите: