новости и публикации​

Интернационален тренинг во Елче - Шпанија

Од 28 јуни до 1 јули 2024 година во градот Елче, Шпанија, се одржа меѓународна обука насловена „Обука за управување со аутизам и однесување за училишни наставници по физичко образование“ (акроним P.E.rfect). Обука за справување со однесувањето кај учениците со аутизам наменета за наставниците по физичко и здравствено образование.

На настанот присуствуваа по 5 тренери и наставници по физичко образование од секоја од земјите учеснички во проектот (Макердонија, Чешка, Ирска, Шпанија, Полска, Бугарија и Кипар). Главната цНа настанот присуствуваа по 5 тренери/наставници по физичко образование од секоја од земјите учеснички во проектот (Макердонија, Чешка, Ирска, Шпанија, Полска, Бугарија и Кипар). Главната цел на обуката беше да се разговара за ефективни алатки и стратегии за инклузија на децата со аутизам во образовниот систем, прилагодени на локалните услови. Учесниците исто така ја разгледаа и тестираа посебно развиената платформа за е-учење создадена во рамките на проектот.

Ваквите обуки се многу корисни и се од голема важност за наставниците по физичко и здравствено образование бидејќи го поддржуваат нивниот професионале развој. Тие обезбедуваат специфични знаења и вештини неопходни за работа со учениците со аутизам, влијаат врз подобрување на квалитетот на образование и поголема инклузивност во училишната средина. Обуките, исто така, помагаат да се создадат поефикасни стратегии и пристапи засновани на докази кои ќе можат практично да се применат. Сето тоа ќе доведе до подобра социјална и образовна инклузија на учениците со аутизам, зголемувајќи ги нивните можности за успех. Дополнително, споделувањето искуства и најдобри практики помеѓу различни земји ја поттикнува меѓународната соработка и збогатување на методите на настава. Овие обуки создаваат мрежа на подготвени и мотивирани професионалци, подготвени да одговорат на предизвиците за работа со деца со аутизам и други развојни нарушувања. Резултатот е подобрена средина за учење каде што сите ученици, без разлика на нивните разлики, можат да се развиваат и да постигнуваат високи резултати.

Проектот P.E.rfect е иницијатива која произлегува од претходните европски проекти и има за цел да развие висококвалитетни вештини и компетенции кај наставниците по физичко образование и спорт. Проектот „Обука за управување со аутизам и однесување за П.Е. училишни наставници“ – P.E.rfect, е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија, во соработка со организации од Ирска, Шпанија, Полска, Чешка, Македонија, Бугарија, Кипар.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.