новости и публикации​

СИНА СВЕТУЛКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „NO BARRIERS, NO BORDERS“ ВО ИЗМИР

Четири членови на Сина светулка присуствуваа на Еразмус+ проектот „No barriers, no borders“, организиран од страна на Music Autism (Турција) во третиот по големина турски град - Измир од 01 август до 08 август 2021 г..

Во проектот учество земаа вкупно 33 учесници од 7 земји, Бугарија, Италија, Литванија, Македонија, Романија, Шпанија и Турција. Проектот беше реализиран во соработка со Associatia Allons-Y (Романија), Foundation „solidarity works“ (Бугарија), „Сина светулка“ (Македонија), „Las ninas del tul“ (Шпанија), „Aim network“ (Италија), „Asociacija Kurybines ateities idejos“ (Литванија).

Целта на обуката беше, учесниците да се запознаат со различни методи и алатки за неформалното учење за лицата со попреченост, подигнување на свеста кај луѓето за попреченоста и промовирање на нивните права и инклузија на истите.

Дневната програма на курсот се базираше на цели за учење и беше изведена од искусни обучувачи. Курсот за обука ја промовираше иницијативноста и креативноста на учесниците и имаше директно влијание врз нивната идна младинска работа или активности за младинска политика, како што се организирање квалитетни проекти и обезбедување интеркултурни и неформални искуства за учење за младите луѓе.

Во текот на обуката имаше различни активности како панел дискусии, дебати, драма сценарија, игри и презентации, преку кои учесниците можеа да се запознаат повеќе за луѓето со попреченост, како и студиска посета на Универзитетот за демократија каде што проф. Orcu Berrakcay, оддржа концерт заедно со своите ученици (лица со аутизам и други попречености).

Во текот на обуката беа споделени најдобрите практики за инклузија на луѓето со попреченост, од страна на претставниците на седумте земји и беа поставени добри основи за вмрежување и идни соработки помеѓу организациите.

Во неофицијалниот дел на проектот беа реализирани интеркултурни вечери на кои претставниците од сите земји имаа можност да ги претстават спецификите, традицијата, културата на својата земја, дел од народните танци и обичаи како и карактеристични кулинарски специјалитети и пијалоци.

Целиот настан помина во исклучително позитивна атмосфера со многу дружење и забава помеѓу учесниците, додека домаќините имаат чиста 10ка за гостопримството и целокупната организација.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.