новости и публикации​

Последен состанок во рамки на проектот P.E.rfect

Од 19 до 21 ноември 2024 година, во Краков, Полска, се одржа меѓународен партнерски состанок во рамките на проектот „Обука за управување со аутизам и однесување за П.Е. училишни наставници“ (P.E.rfect), посветен на инклузивното образование.

На состанокот присуствуваа учесници од домаќинот Полска, потоа Македонија, Бугарија, Чешка и Ирска. Состанокот се одржа во „Szkoła Podstawowa z Oddziałami Integracyjnymi nr. 12“ во Краков, Полска и даде можност проектниот тим да го разгледа постигнатиот напредок, да ги оцени резултатите и да го анализира влијанието на напорите за создавање на инклузивна средина за учење за учениците со посебни потреби.

Организациите кои учествуваа во проектот P.E.rfect успешно ја дисеминираа програмата за обука, алатките, добрите практики и препораките со засегнатите страни и креаторите на политиките, влијаејќи врз националните и европските образовни стратегии. Со постигнатите цели. проект, не само што разви иновативни ресурси, туку и поттикна значајни промени преку зајакнување на наставниците по физичко и здравствено образование да создадат инклузивна средина во која учениците со аутизам можат да напредуваат.

Едукаторите, наставниците и професионалците можат да се приклучат на платформата за учење, која нуди корисни ресурси, алатки и материјали за обука насочени кон промовирање на инклузивни практики во физичкото и здравствено образование.

Иницијативата P.E.rfect ги истакнува не само иновативните стратегии во инклузивното образование, туку и важноста на меѓународната соработка и размената на знаење помеѓу едукаторите од цела Европа.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.