новости и публикации
Обука за родители на деца со аутизам во рамки на проектот STEAMing Ahead
На 5 и 6 Ноември, во рамки на проектот „STEAMing Ahead”, се одржа обука наменета за родители на деца со аутизам за STEAM образование.
На почетокот родителите беа запознаени со проектот и книгата за STEAM активности, адаптирани на потребите на децата со аутизам, која нашиот тим ја креираше во изминатиот период. Родителите беа запознаени со тоа што претставува STEAM образованието, но и со тоа какви адаптации можат да направат за да го поддржат учењето за STEAM.
За време на обуката родителите имаа можност да се запознаат со дел од STEAM активностите, практично да ги испробаат, како и да се обидат да ги адаптираат според потребите на нивните деца.
На самата обука присуствуваа и двајца родители заедно со нивното дете, чие присуство беше од големо значење, бидејќи имавме можност активностите практично да ги примениме со нивното дете.
Оваа обука претставуваше можност за размена на искуства на родители од Македонија, Грција, Кипар и Норвешка.
Споделете со пријателите: