новости и публикации
Известување бр.1 за проектот "The A class: Integrating and supporting students with autism in the mainstream classroom"
Во продолжение ве запознаваме со активностите што до сега се превземени во рамки на проектот "The A class: Integrating and supporting students with autism in the mainstream classroom" што го реализираме заедно со наши партнери од Данска, Италија, Хрватска, Кипар, Чешка и Шпанија.
Првиот онлајн состанок (13 и 16/10/2020)
Првиот состанок се одржа онлајн на крајот на Октомври 2020 г. поради пандемијата на Covid-19. Целта на првиот состанок беше запознавање помеѓу претставниците на земјите партнери, разбирање на содржината на проектот и договор за ефикасна работа во рамките на проектот. „A Class” проектот е одобрен од Националната агенција за Еразмус + на Данска со број: 2020-1-DK01-KA201-075054
Првата интелектуална активност
Првата интелектуална активност (IO1) е насочена кон создавање на сеопфатна алатка за професионален развој со која ќе се врши подготовка на наставниците од основните училишта за поддршка на учениците со аутизам во рамките на наставата, преку докажани пристапи и практики (засновани на науката за однесувањето) за подобрување на академските и социјалните можности за учење кај овие деца. За обезбедување на подобар квалитет на оваа активност беше спроведено истражување, врз основа на кое се утврдија потребите за едукација на наставниците и во тек е изработка на курикулим за нивна едукација.
Цел на проектот и на стратешкото партнерство
Нарушувањата од спектарот на аутизам (ASD) се манифесртираат на различен начин кај секоја личност. Аутизмот исто така, може да се дефинира и како комплексно доживотно нарушување кое ја погодува социјалната комуникација, интеракција, имагинација и сетилата кај децата, со појава на репетитивно однесување. Партнерите на проектот “A Class” Sosu Ostjylland (Данска), EURO-NET, (Италија) Inercia Digital Sl (Шпанија), Masaryk University (Чешка), Центар за аутизам (Хрватска), Stando Ltd (Кипар) и „Сина светулка“ (С.Македонија), имаат за цел да воведат иновативен образовен пакет за поддршка на учењето на учениците со аутизам во редовните основни училишта.
Следете не!
Доколку сте заинтересирани за нашата иницијатива, можете да не следите на нашата веб страна или на официјалната facebook група.
Disclaimer
Оваа публикација е реализирана од страна на активностите на "The A Class" проектот во рамките на Европската програма "Еразмус + KA2 Стратешко партнерство за училишно образование". Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија и Данската национална агенција за Еразмус +. Оваа публикација ги одразува ставовите на авторот, и Европската комисија и Националната агенција немаат одговорност за информациите кои се споделуваат и се содржани во неа.
Преземи го весникот тука
Споделете со пријателите: