новости и публикации

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Денес, следејќи го трендот за обезбедување на правата на лицата со посебни потреби, голем дел од децата што се во спектарот на аутизам посетуваат редовно училиште. Како можеме да им помогнеме?

  1. Не претпоставувајте
    Никогаш не прави претпоставки за тоа што ученикот може/не може да го направи и колку разбира или не разбира. Често децата со аутизам имаат способности и треба да добијат можност да ги искористат. Секогаш треба да ги гледаме како личности, а потоа како лица со попреченост. Разбираат повеќе отколку што изгледа дека разбираат.
  2. Секогаш комуницирајте
    Најдобар начин да се уверите во нешто е преку комуникација. Обидете се да остварите каква било комуникација. Детето има чувства и потреби и може да ги сподели на еден или на друг начин. Откријте го начинот.
  3. Одвојте време за да слушате
    Најдобар начин да комуницирате со дете со аутизам е да го разберете. Родителите најдобро го познаваат своето дете и тие можат да ви помогнат да ги разберете. Поставувајте им прашања за однесувањето на детето и внимателно слушајте. Поставувајте си прашања за секое однесување. Понекогаш слушајте со своето срце, а не со твојата глава. Она што го чувствувате е вистинско. Понекогаш децата чувствуваат дека се игнорирани. Како би се чувствувале вие ако сте игнорирани.
  4. Емпатијата е клучна
    Погледнете ги работите од перспектива на детето со аутизам. Бидете внимателни, грижливи и разбирливи за неговите чувства и искуства. Обидете се да се ставите во негови чевли бидејќи тоа не умее да се стави во вашите. Немојте да го сожалувате, така нема да му помогнете.
  5. Не категоризирајте
    Кога работите со дете со аутизам, често е полесно да се категоризира детето отколку да се работи со него. Сепак, секој има свои способности. Барајте ги јаките страни и работете на нивниот развој. Децата се различни, но како и секое друго дете, и детето со аутизам има свои јаки и слаби страни.
  6. Бидете лице што исполнува
    Ако постои волја, постои и начин. Тргнете го зборот „не“ од вашиот вокабулар и заменете го со ставот дека сè е можно. Бидете позитивни. Тоа е заразно. Детето со аутизам има надежи и има соништа, но мотивацијата брзо може да исчезне со еден едноставен збор: не. Не употребувајте го зборот „НЕ“ никогаш.
  7. План за пристапност
    Вистинска инклузија не е само сместување на детето со аутизам во училница. Само затоа што е тука, тоа не значи дека секогаш е вклучен во наставата. Потребни се услови, намалување на бројот на ученици, обезбедување поддршка во материјални и човечки ресурси и некои просторни услови кои се едноставни и многу корисни, на пример: тивко катче каде што ученикот ќе може да се повлече во моментот кога ќе се почувствува дека е пренадразнет.
  8. Бидете поддржувачки настроени
    Работите не секогаш ќе ви одат лесно со учениците или родителите. Поддржете, бидете позитивни. Запомнете, тоа првин е дете, а потоа ученик со аутизам. Понекогаш му треба помош и поддршка како и на сите други. Позитивноста и охрабрувањето ќе го инспирираат да ја истакне неговата способност и ќе му овозможат да постигне успех.
  9. Поучете ја околината
    Доколку имате успешна приказна, поучете ги сите во вашата околина.
  10. Однесувајте се кон сите исто
    Златното правило е да ги третираш другите на начин како што сакаш да те третираат тебе. Однесувајте се со децата исто така како што би сакале некој да се однесува кон вас или кон вашето дете.

Текстот е објавен на 02.04.2019 г. На порталот www.deca.mk

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Совети за полесно образование на децата со аутизам

Совети за развој на комуникација

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Едноставен знаковен јазик

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Вклучување на детето во секојдневни активности во домот

Совети за полесно образование на децата со аутизам

Активности за поттикнување на физичкиот развој