новости и публикации
Обука во рамки на проектот Autism in Violet
Во периодот од 16 до 19 октомври, се одржа обука во рамки на Еразмус+ проектот „Autism in Violet: EMPOWERMENT OF AUTISTIC WOMEN, SELF ADVOCACY, AND PROFESSIONAL GUIDANCE”, наменета за девојки кои се во спектарот на аутизам. Обуката се одржа во Осуна, Шпанија.
Целта на проектот е да ги зајакне способностите на жените со аутизам да преземат контрола врз нивниот живот, да донесат информирани одлуки, активно да учествуваат во општеството, но и да разберат како аутизмот влијае врз нивниот живот.
Три учесници од нашиот тим имаа можност да присуствуваат на обуката и да разменат искуства со учесници од Шпанија, Италија и Португалија.
Споделете со пријателите: