новости и публикации​

Обука за родители во рамки на проектот „Поттикнување и развој на социјални и животни вештини кај деца со нарушување од спектарот на аутизам”

Во Септември се реализираше обука на родителите на децата со аутизам, на тема „Развој на социјални вештини кај деца со аутизам”.

Обуката се организираше во рамки на проектот „Поттикнување и развој на социјални и животни вештини кај деца со нарушување од спектарот на аутизам”, поддржан од страна на Град Скопје.
Темите кои беа обработени за време на обуката се: основи на аутизмот и когнитивни теории, предизвици при работење на социјални вештини кај децата со аутизам, запознавање со игри и стратегии за развој на социјални вештини и запознавање со ТИП методот, како метод за развој на социјални вештини кај децата со аутизам.


За време на обуката родителите имаа можност да се запознаат со неколку родители на деца со аутизам од различни земји кои присуствуваа како гости на дел од самата обука. Родителите имаа можност за споделување на искуства, согледување на разни можности и пристапи кои ги користат другите родители на деца со аутизам и создавање на нови контакти и можности за во иднина.

Споделете со пријателите:

Viber

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.