предавач
Јасмина Трошанска
Јасмина Трошанска е претседател на Здружението, специјален едукатор и рехабилитатор која има 17 годишно теоретскo и практично искуство во работата со деца со нарушувања од спектарот на аутизам. Таа исто така е и Монтесори педагог за деца на возраст од 3-6 години. Во текот на своето работно искуство има посетувано голем број на обуки за современите и евалуирани третмани од областа на аутизмот како што се: ABA, PECS, TEACCH, Brain Gym и Сензорна интеграција. Исто така, има посетувано и учествувано со сопствени трудови на голем број на конференции во земјата и странство. Се појавува како автор и ко-автор на 33 научни трудови кои се издадени во Р. Македонија и во странство. Често пати е ангажирана како стручен соработник на Бирото за развој на образование, консултант за дневни центри и детски градинки и предавач на студиите за специјална едукација и рехабилитација. Од 2010 година активно работи на меѓународни проекти, држи едукации за родители и професионалци, учествува на трибини, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството.