предавач

Анита Стојчевска

Анита Стојчевска

Специјален едукатор и рехабилитатор, прогласена е за најдобар студент на генерацијата 2010-2014 година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација во Скопје. На истиот Институт магистрирала малолетничка деликвенција со просек 10.00. 

Има 7 годишно активно работно искуство со деца и адолесценти со нарушувања од спектарот на аутизам. Во моментов е вработена како специјален едукатор и рехабилитатор, дел од стручниот тим на ССОУ “Киро Бурназ”, Кумановo, а претходно има работено како образовен асистент во приватна детска градинка и во две основни училишта во Скопје (2013-2017). Во периодот од 2017-2018 има работено во стручна служба при СОУ „Перо Наков“ Куманово, од кадешто започнува соработка и активна координација на најразлични ЕРАЗМУС проекти. 

Активно посетува обуки и семинари за аутизам (домашни и меѓународни), како и во рамките на училишни проекти за подигање на свеста за аутизмот и споделување на искуства со други земји. 

Стојчевска беше вклучена и како предавач и како обучувач на неколку меѓународни проекти (ERAZMUS+, RYCO, ASD-EAST) и во континуитет врши дисеминации на родители, наставници и колеги.

Нејзини примарни цели се: подобрување на квалитетот на животот на лицата со АСН, како и нивните семејства, активно зголемување на јавната свест за аутизмот, подобрување на постоечкиот потенцијал за практична работа во основните и средните училишта за ученици со АСН.

видео семинари од

Анита Стојчевска

Подготовка на чај

Подготовка на палачинки -мачкање на палачинките

Подготовка на палачинки -печење на палачинките

Подготовка на палачинки- смеса за палачинки

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.