Проектот „А – клас: интегрирање и поддршка на учениците со аутизам во редовната училница “ (“The A – class: integrating and supporting students with autism in the mainstream classroom”) (скратено “The A Class”), кој е одобрен од Националната агенција за Европски образовни програми од Данска, како дел од програмата на Еразмус + КА2 Стратешко партнерство за училишно образование со број 2020-1-DK01-KA201-07505, во периодов се наоѓа во фаза на спроведување на најважните активности.
Имено, оваа Европска иницијатива, која е добро координирана од страна на Niels Christian Vestergaard, претседател на данската организација Sosu Ostjylland, има за цел да развие иновативен едукативен пакет заснован на образовни пристапи за наставниците од основните училишта кои во своите одделенија имаат ученици со аутизам.
Партнерството кое е координирано од страна на Sosu Ostjylland ги вклучува следните организации: EURO-NET од Италија, Inercia Digital Sl од Шпанија, Masaryk University од Чешка Република, Центар за аутизам од Хрватска, Stando Ltd од Кипар и Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутизам „Сина светулка“ од Македонија.
“Проектот – кажа доц. др. Јасмина Трошанска (претседател на здружението „Сина светулка“) –совршено се вклопува во стратегијата на Европската комисија, која е насочена кон инклузија на лицата со попреченост, преку иновативните и дигитални алатки кои ќе ги развива стратешкото партнерство“.
Во текот на прата година од проектот, партнерите работеа на поставување на основите на проектните активности, преку собирање и анализа на податоци од државите на земјите учеснички во проектот.
“Целите кои самиот проект ги постави – истакна доц.др.Јасмина Трошанска – се многу амбициозни бидејќи сакаме да развиеме шест интелектуални производи, кои што би можеле да ја олеснат работата на наставниците кои секојдневно се соочуваат со дидактички потешкотии во работата со учениците со аутизам. При тоа ќе се обидеме да ја подобриме наставната програма и наставните методи и техники за овие ученици“.
Во рамките на проектот ќе се развие програма, водич и софтвер за поддршка на активностите на наставниците од основните училишта, кои исто така ќе им помогнат и на учениците со аутизам и нивните семејства, како и информативна брошура и платформа за поддршка на понатамошниот тренинг на нставниците.
“Европската иницијатива – заклучи доц.др.Јасмина Трошанска – која започна во Септември минатата година, за жал во текот на пандемијата на covid-19, тече без проблеми благодарение на професионализмот на сите партнери и нивната желба за развој на иновативни продукти кои ќе бидат многу корисни за лицата со аутизам. Во овој момент не постојат никакви препреки, при што планираме сите активности да ги реализираме според предвиденте рокови, до Февруари 2023“.
Проектот можете да го следите на веб страната https://theaclass.eu/ и на нашиот facebook профил: https://www.facebook.com/KA2TheAclass/.