ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ

01.10.2020 – 30.09.2021

Нарушувања од спектарот на аутизам - Јакнење на образовните асистенти ("Autism Spectrum Disorders - Empowering Teaching Assistants")

Ве известуваме дека на Здружението за унапредување на квалитет на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ му се одобрени финансирања од Еразмус + програмата на ЕУ за клучна акција 104 (Мобилност за едукација на возрасни) за проектот „Нарушувања од спектарот на аутизам- Зголемување на компетенциите на образовните асистенти“ со рег. број KA104-73A218B3 кординиран од страна на Ана Петковска Николовска.

 Целите на проектот се:

  1. Континуирана реализација на нови и квалитетни форми на интернационална соработка и интернационализација на нашите едукативни и социјални услуги;
  2. Зголемување на компетенциите на членовите на организацијата во примена на специфични методи и пристапи за работа со децата со аутизам;
  3. Зголемување на компетенциите на членовите на организацијата за работа во мултикултурна средина и
  4. Понатамошно подобрување и зголемување на капацитетите за управување и проекти на нашата организација.

 Проектот ќе се спроведува во три дела:

  1. Пред мобилност-конкурс за одбирање на учесници, подготовка на учесниците и склучување на договори;
  2. Мобилност – подготовкa, мобилност, координација и надгледување на учесниците во мобилноста 
  3. Период после завршување на мобилноста – пишување на извештаи, евалуација и дисеминација.

Со овој проект планирано е да бидат вклучени 2-ца образовни асистенти специјални едукатори и рехабилитатори и 2-ца членови на организацијата кои ќе посетат инклузивни училишта во Нортхемптон, Велика Британија. Мобилноста ќе биде реализирана во периодот Мај – Јуни 2021 година и ќе трае 7 дена. Соработката со училиштата е овозможена преку посредство на организацијата Таргет Аутизам од Нортхемптон која е наш долгогодишен соработник.

Сите трошоци за патувањето ќе бидат покриени од страна на Националната агенција за европски образовни програми.

Резултати од повикот за Мобилност во Велика Британија

Почитувани, Ве исвестуваме дека на студиската посета од 7 дена во Велика Британија, која е планирана да се реализира во месец мај-јуни 2021 година ќе заминат Јадранка Јовева и Елеонора Наумоска заедно со Ана Петковска Николовска и Јасмина Трошанска од организацијата. Нивната улога ќе биде анализа на работното место „образовен асистент“ и пренесување на искуствата на останатите колеги во нашата држава. Средствата се обезбедени преку Националната агенција за Европски образовни програми Еразмус + преку проектот „Аутистичен спектар на нарушување-јакнење на образовните асистенти“.

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.