вебинар
Развој и унапредување
на комуникацијата
кај деца со аутизам
17.11.2021 / 17 часот / Microsoft Teams
Пријавувањето за вебинарот е завршено!
Целни групи
- Наставници, воспитувачи и други стручни профили од воспитните и образовните институции.
- Професионалци кои работат во полето на аутизмот, директно со децата и нивните семејства.
цели на вебинарот
стекнување на знаење за
- Основните карактеристики на децата со аутизам
- Психолошките теории за аутизмот
- Препознавање на стадиумот на комуникација во кој се наоѓа детето со аутизам
- Предизвиците со кои се соочуваат децата кои имаат развиено вербална комуникација
- Поттикнување и развој на невербална комуникација
- Поддржана комуникација
обучувач
Јасмина Трошанска
Доц. д-р Јасмина Трошанска е професор на Тетовскиот Универзитет и претседател на здружението Сина Светулка. Специјален едукатор и рехабилитатор со 17 години теоретско и практично искуство во работа со деца со нарушувања од спектарот на аутизам и Монтесори воспитувач за деца на возраст од 3-6 години. Јасмина има објавено повеќе од 30 научни трудови, во Македонија и во странство. Често е ангажирана како професионален соработник во Бирото за развој на образованието, консултант за дневни центри и градинки и предавач на студии за специјални едукатори и рехабилитатори. Од 2010 година, таа активно работи на меѓународни проекти, одржува едукации за родители и професионалци, учествува на форуми, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигање на свеста за аутизмот во општеството и за подобар живот на лицата со аутизам.
важни информации
Времетраење на вебинарот:
4 часа ( 2 сесии, 2 паузи и сесија со прашања и одговори)
Сертификат:
Секој учесник ќе добие сертификат за присуство на обуката. Сертификатот ќе биде доставен на вашата маил адреса во .pdf формат
Котизација:
700 ден
За присуство на вебинарот пријавете се на овој линк.
Деталите за вирманска уплата се наоѓаат на овој линк.
Фирми и организации може да уплатат на фактура со тоа што при пополнување на Пријавата за организација одберете дека сакате да платите преку фактура.
Бројот на учесници е ограничен.
Краен рок за пријавување и уплата е 16.11.2021
За следење на вебинарот:
Потребно Ви е интернет пристап, компјутер/лаптоп, таблет или паметен телефон. Доколку пристапувате од компјутер/лаптоп со Windows оперативен систем, не е потребна инсталација на апликацијата Microsoft Teams ниту кориснички профил.
Инсталација на апликацијата е неопходна доколку пристапувате од таблет или паметен телефон. Детали за пристап на вебинарот ќе Ви бидат доставени заедно со линкот за вебинатор.


