Обуки
Нашиот тим на специјализирани едукатори и рехабилитатори нуди обуки за посебни групи на професионалци.
обуки за
наставници
Здружението организира обуки кои се наменети за наставниците од редовните училишта и други лица кои претходно не посетувале конкретна едукација за нарушувањата од спектарот на аутизам. Целта на обуката е стекнување на вештини за препознавање на нарушувањата од спектарот на аутизмот, запознавање на карактеристиките кај децата и причините за нивното однесување, како и основни напатствија кои е потребно задолжително да се следат при работа со ученици со ваков вид на нарушување. Денес се повеќе деца со нарушувања од спектарот на аутизам сретнуваме во редовните училишта. Целта е да разграничиме што е инклузија и како може да се врши адаптација на планираните содржини според наставните предмети и капацитетите на ученикот со аутизам. Исто така големо внимание ќе се посвети на секоја карактеристика на ученикот и ќе се дадат идеи како наставниците да се однесуваат во одредени ситуации.
обуки за
воспитувачи
Обуките за воспитувачите имаат за цел да им помогнат во адаптација на просторот, материјалите за работа и развој на соодветни вештини со помош на кои ќе го вклучат детето со аутизам во групата. Исто така, дел од обуките се посветени на грижата околу исхраната, спиењето и формирањето н анавиките за тоалет кај децата кои имаат нарушувања од спектарот на аутизам.
обуки за
специјални едукатори и други стручни лица
Овие обуки содржат специфични теми кои имаат за цел да ги збогатат и продлабочат знаењата и вештините на стручните лица кои имаат познавања и вештини за нарушувањата од спектарот на аутизам. Теми кои се обработуваат се: креирање на распореди, сензорни кругови, видео моделирање, справување со стресот итн.