Третмани за лица со аутизам

Ние користиме персонализиран пристап во секоја проценка и понатамошен третман на секое дете. 

за

АНГЕла николовска

Ангела Николовска, нашиот специјален едукатор и рехабилитатор, e посветена на обезбедување на поддршка на деца со нарушувања од спектарот на аутизам и нивните семејства. Таа нуди индивидуални третмани за деца од предучилишна и училишна возраст, прилагодени на индивидуалните потреби на секое дете.

третмани

начин на работа

Нејзината работа вклучува примена на визуелна поддршка, елементи од методот АБА (Применета анализа на однесувањето), користење VR технологија, како и други современи методи на работа со деца со нарушувања од спектарот на аутизам.

Еден од главните приоритети во текот на третманите е соработката со семејствата и нивно вклучување во целиот процес. Затоа охрабрува присуство на родителите за време на индивидуалните третмани. Нејзината работа вклучува советување и давање насоки на семејствата, со цел справување со секојдневните предизвици и поттикнување на независноста на детето.

Закажете средба со нашиот специјален едукатор и рехабилитатор на е-пошта: angela@sinasvetulka.mk

или на телефонскиот број: 072 232 102

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.