Дијагностика
Нашата организација врши сеопфатна дијагностика и план за интервенција за деца, за кои постои сомневање дека се во спектарот на аутизам со примена на ADOS-2 и ADI-R
Дијагностиката ја врши Доц. д-р Јасмина Трошанска
за
доц. д-р Јасмина Трошанска
Доц. д-р Јасмина Трошанска е доктор на науки по специјална едукација и рехабилитација, реномиран специјален едукатор и рехабилитатор со повеќе од 20 години искуство во областа на нарушувања од спектарот на аутизам (НСА), и тоа во образование, индивидуална поддршка, обука на професионалци и родители.
Денес таа е универзитетски професор и нејзина специјализација е обезбедување на сеопфатни дијагностички проценки за лица од сите возрасти, користејќи ги најдоверливите и валидирани алатки за проценка.
Експертиза
ADOS и ADI-R
Доц. д-р Трошанска е високо квалификувана во администрирање на Autism Diagnostic Observation Schedule (ADOS) и Autism Diagnostic Interview-Revised (ADI-R). Овие алатки се сметаат за златен стандард за дијагноза на аутизам и овозможуваат детално разбирање на функционирањето на поединецот во однос на социјалните вештини, вештините на комуникација и однесувањето.
- ADOS: Оваа опсервациона проценка вклучува структурирани и полуструктурирани задачи кои и овозможуваат на доц. д-р Трошанска да ги набљудува социјалните и комуникативните однесувања поврзани со аутизмот. Таа е приспособлива на различни возрасни групи и развојни нивоа, обезбедувајќи точна и детална дијагноза.
- ADI-R: Ова сеопфатно интервју се спроведува со родител/старател и во предвид ги зема историјата на развојот на поединецот, тековното однесување и целокупното функционирање. Со ADI-R се обезбедуваат значајни сознанија за раниот детски развој и за однесувањето.
Доц. д-р Трошанска е специјализирана и сертифицирана за користење најдоверливите и валидирани алатки за дијагностички проценки на лица за кои постои сомневање дека се наоѓаат во аутистичниот спектар.
пристап
Персонализиран пристап и грижа за личноста
Д-р Трошанска смета дека секое лице со аутизам е уникатно. Поради тоа, таа користи персонализиран пристап во секоја проценка, со темелен пристап кон секој аспект на развојот и однесувањето на поединецот. Нејзината цел е да обезбеди јасна и точна дијагноза која може да води до ефективни стратегии за интервенција и поддршка.
искуство и начин на работа
Зошто да ја изберете д-р Јасмина Трошанска?
- Искуство и квалификации: Земајќи го во предвид нејзиното долгогодишно искуство, познавањето на практичната работа и теоретското познавање на најновите информации, заедно со обуката и сертификацијата во ADOS и ADI-R, д-р Трошанска е препознаена и докажана по својата експертиза во областа.
- Холистички пристап: Таа ги разгледува сите аспекти на животот на поединецот, вклучувајќи медицински, психолошки и социјални фактори, за да обезбеди сеопфатна дијагноза.
Информации
за спроведувањето на процедурите на проценка и дијагностика
Проценката се спроведува за дијагностички цели или за оценување на јаките и слабите страни на лицето со или без формална дијагноза на нарушувања од спектарот на аутизам.
Закажувате и присуствувате на прва средба. Со д-р Трошанска ќе разговарате за вашата загриженост при што ќе ги споделите причините заради кои сакате да направите проценка. Доколку имате потреба од дијагностика на Вашето дете, по телефон ќе бидете известени дали на првата средба треба да присуствува и детето.
Консултативната средба се наплаќа и трае 2-3 часа. После таа сесија добивате писмен извештај со препораки во период од 10 дена после средбата. Доколку одлучите да извршите понатамошна проценка, овие средства ќе ви бидат одбиени од вкупната сума која ќе треба да ја платите.
Следниот чекор е спроведување на сет на стандардизирани проценки со кои ќе се добијат информации дали дијагнозата за нарушувања од спектарот на аутизам е соодветна.
Постојат две основни проценки кои се користат во текот на овој процес; Ревидираното интервју за дијагностика на аутизам (ADI-R) и Распоредот за дијагностичко набљудување на аутизмот, второ издание (ADOS-2). Во предвид може да се земат и дополнителни информации (на пр. од училиште/од градинка) за да помогнат во процесот на оценување на децата.
ADI-R: Оваа проценка е ефикасна во разликувањето на аутизмот од другите развојни нарушувања и им овозможува на нашите стручни лица да ги квантифицираат идентификуваните особини на аутизмот. Тоа е форма на интервју помеѓу д-р Трошанска и родителот/старателот кој најдобро ја познава развојната историја и тековното однесување на лицето/детето кое што се оценува. ADI-R може да го спроведува само квалификувано лице кое има посетено дополнителна специјализирана обука за спроведување на ова интервју.
При спроведувањето на ADI-R детето/ лицето за кое се врши проценката не е присутно.
Интервјуто трае 3 до 4 часа. На интервјуто можеби ќе треба да донесете предмети кои ќе ви помогнат во сеќавањето на развојната историја на Вашето дете, како што е бебешка книга или албум со фотографии. Постои можност интервјуто да се врши онлајн.
ADOS-2: Ова вклучува директно набљудување и интеракција со лицето/детето кое што се оценува. Различни модули на оценувањето се избираат соодветно на возраста на поединецот, јазичните вештини и нивото на развој. ADOS-2 може да го спроведува само квалификувано лице кое има посетелно дополнителна специјализирана обука.
Проценката трае до 90 минути. На проценката присуствува детето а родителот/старателот е присутен во соседната соба. Ова зависи од возраста на детето и од неговите карактеристики.
Откако ќе се завршат проценките, се оценуваат собраните информации и се изготвува писмен извештај. Ова вклучува дијагностички информации и препораки. Овој процес трае околу 3 недели.
Откако ќе ви биде испратен вашиот извештај, од Вас се бара да присуствувате на состанок во траење од 45 минути. Во ова време ќе разговарате за исходот од проценката и ќе добиете можност да се консултирате за вашите идни чекори.
Доколку возрасен има потреба од проценка и дијагноза, за интервјуто, неопходно е да присуствува родител или лице кое најдобро го познава.
Проценките се вршат на македонски и на англиски јазик.