За нас
Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ е основано на 28.02.2017 година во Скопје врз основа на 15 годишно искуство во областа на аутизмот на основачите.
Подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства, подигнување на свеста за потенцијалот преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам, нивните семејства, професионалците и општата јавност.
Вклучување на лица со нарушувања од спектарот на аутизмот во сите сфери на општеството.
- Подобрување на квалитетот на животот на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот и нивните семејства преку откривање и максимизирање на нивниот потенцијал;
- Третман на деца и лица со нарушувања од спектарот на аутизам и нивните семејства;
- Образование на семејствата и професионалците за методи на работа со деца и лица нарушувања од спектарот на аутизмот и нивните семејства;
- Промоција на правата и промоција на нови идеи за подобрување на квалитетот на живот;
- Обезбедување на услуги за деца и лица со нарушувања од спектарот на аутизмот;
- Поттикнување на научна и професионална работа во оваа област и
- Активности во насока на инклузија на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот.
- попреченост;
- нарушувања од спектарот на аутизмот;
- образование;
- третман;
- интервенција;
- квалитет на живот;
- инклузија.
Членови на организацијата можат да бидат професионалци, родители, лица со аутизам и други кои сакаат да придонесат за подобрување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам и нивните семејства преку пополнување на пристапница и нејзино испраќање на e-mail: contact@sinasvetulka.mk
нашиот тим
сертифицирани специјални едукатори и рехабилитатори
Јасмина Трошанска е претседател на Здружението, специјален едукатор и рехабилитатор која има 17 годишно теоретскo и практично искуство во работата со деца со нарушувања од спектарот на аутизам. Таа исто така е и Монтесори педагог за деца на возраст од 3-6 години. Во текот на своето работно искуство има посетувано голем број на обуки за современите и евалуирани третмани од областа на аутизмот како што се: ABA, PECS, TEACCH, Brain Gym и Сензорна интеграција. Исто така, има посетувано и учествувано со сопствени трудови на голем број на конференции во земјата и странство. Се појавува како автор и ко-автор на 33 научни трудови кои се издадени во Р. Македонија и во странство. Често пати е ангажирана како стручен соработник на Бирото за развој на образование, консултант за дневни центри и детски градинки и предавач на студиите за специјална едукација и рехабилитација. Од 2010 година активно работи на меѓународни проекти, држи едукации за родители и професионалци, учествува на трибини, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството.
Ана Петковска Николовска е специјален едукатор и рехабилитатор со над 10 годишно работно искуство во индивидуална работа со деца со аутистичен спектар на нарушување. Темелно ги истражува стереотипните однесувања кај децата со аутизам што е и тема на нејзината магистерска теза. Управител е на Центарот за едукација и советување од февруари 2013 година и стручен соработник на НТЦ (Никола Тесла Центар) систем на учење за Македонија а во моментов вработена како специјален едукатор и рехабилитатор во детска градинка.
Ана Шикалеска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија и оттогаш работи веќе 15 години со деца со аутизам. Ана има работено во Завод за образование и рехабилитација „Топанско Поле“ во Скопје за деца со умерена и тешка интелектуална попреченост и детски психози, во ЈУДГ „8- ми Март“ како специјален едукатор и рехабилитатор, како специјален едукатор во Посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец “- Скопје во комбинирано одделение за ученици со аутизам и како директор на истото училиште. Во моментов работи како специјален едукатор и рехабилитатор со деца со аутизам. Има присуствувано и реализирано обуки за ABA, TEACCH и сензорна интеграција.
Главната цел на работата на Ана е да се подобри квалитетот на секојдневниот живот на лицата со аутизам и нивните семејства. Беше вклучена во проекти како тренер на родители на деца со аутизам (ESIPP), наставници од посебните и редовните училишта, предучилишни установи (ASD-EAST) кои се во контакт со деца или лица со аутизам. Исто така, таа е повеќекратна соработничка на Бирото за развој на образованието и учествувала во развивање на училишните програми за деца со аутизам. Еден од нејзините последни проекти – Отворени музеи вклучи соработка со државен музеј како тренер за музејски работници и развивање на водич за музејски работници со други професионалци со цел да им се помогне да работат со луѓе со аутизам и нивните семејства.
Билјана Кујунџиќ- Настевска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор со 18 годишно работно искуство во посебни основни училишта. Во моментот е вработена во ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, како специјален едукатор и рехабилитатор во настава. Активно се вклучува во обуки и семинари кои ги опфаќаат третманите на децата со аутизам. До сега била вклучена во Erasmus+ проекти, како што се ESSIP и ASD-EAST, како тренер или обучувач за поддршка на родители на деца со АСН и специјални едукатори и рехабилитатори во посебните и редовните училишта. Се залага за подигнување на свеста за децата и лицата со аутизам и нивна социјална инклузија.
Анита Стојчевска е специјален едукатор и рехабилитатор и прогласена е за најдобар студент на генерацијата 2010-2014 година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација во Скопје. На истиот Институт магистрирала малолетничка деликвенција со просек 10.00.
Има 7 годишно активно работно искуство со деца и адолесценти со нарушувања од спектарот на аутизам. Во моментов е вработена како специјален едукатор и рехабилитатор, дел од стручниот тим на ССОУ “Киро Бурназ”, Кумановo, а претходно има работено како образовен асистент во приватна детска градинка и во две основни училишта во Скопје (2013-2017). Во периодот од 2017-2018 има работено во стручна служба при СОУ „Перо Наков“ Куманово, од кадешто започнува соработка и активна координација на најразлични ЕРАЗМУС проекти.
Активно посетува обуки и семинари за аутизам (домашни и меѓународни), како и во рамките на училишни проекти за подигање на свеста за аутизмот и споделување на искуства со други земји.
Стојчевска беше вклучена и како предавач и како обучувач на неколку меѓународни проекти (ERAZMUS+, RYCO, ASD-EAST) и во континуитет врши дисеминации на родители, наставници и колеги.
Нејзини примарни цели се: подобрување на квалитетот на животот на лицата со АСН, како и нивните семејства, активно зголемување на јавната свест за аутизмот, подобрување на постоечкиот потенцијал за практична работа во основните и средните училишта за ученици со АСН.
Теута Рамадани Расими е дипломиран специјален едукатори и рехабилитатор со завршени магистерски и докторски студии од истата област. Таа има повеќе од 10 години работно искуство од областа на специјална едукација и рехабилитација, од кои седум како докторанд на Универзитетот во Тетово, три години на ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар и една година како инклузивен специјален едукатор и рехабилитатор во основното училиште. „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје. Има објавено повеќе од 10 труда во локални и меѓународни списанија, како и книга од областа на специјалната едукација и рехабилитација. Исто така, во рамките на својата научна дејност има учествувано на голем број на обуки и семинари на различни теми поврзани со аутимот, АБА-терапија, TEACCH, PECS, знаковен јазик, итн.
Филип Јуртоски е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, магистер по интелектуална попреченост и аутизам и има пет годишно работно искуство со деца од спектарот на аутизам. Има посетувано и учествувано во голем број на едукативни обуки, семинари, конференции и проекти. Како ко-автор има учествувано во изработка на научни трудови и активно се бори за подигнување на јавната свест за лицата со нарушување од спектарот на аутизам преку учество во најразлични панел дискусии и трибини.
Бистра Стојаноска е матурант од СУГС Гимназија „Орце Николов“ и воедно волонтер во Црвен Крст Карпош. Таа работи исто така како волонтер во тековните проекти во „Сина светулка“. Своето искуство со децата со попреченост го стекнува како дел од проектот „Хуманко“ на Црвениот крст, чија целна група се деца и млади со попреченост, од еднородителски семејства и социјално загрозени семејства. Во текот на изминатите две години има посетено повеќе работилници и обуки за работа со истите, а беше и дел од кампот „Сите сме исти 2“ наменет за истата група на деца. Исто така, самоиницијативно ги има посетено и волонтирано во рехабилитационите центри за лица со оштетен вид и оштетен слух. Својата идна професионална кариера планира да ја продолжи на Институтот за специјална едукација и рехабилитаија во Скопје и да продолжи да се равива во насока на помош и поддршка на децата и лицата со попреченост.
Мери Нолчева е специјален едукатор и рехабилитатор со завршени Магестерски студии на институтот за специјална едукација и рехабилитација, насока: Интелектуална попреченост и Аутизам, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и завршени едно-годишни Магистерски студии при Универзитетот во Осло, институт за Специјална Едукација како интернационален студент на размена.
Има седум годишно искуство како специјален едукатор и рехабилитатор, вклучувајќи пет години во невладин сектор, работејќи со деца и младинци со разни попречености и нивните семејства, и две години како специјален едукатор и рехабилитатор во ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје.
Одржува активен професионален развој преку учество на разни семинари, обуки, конференции, на локално и интернационално ниво. Има публикувани трудови во стручни списанија и ги презентирала на локално и инернационално ниво.
Се има здобиено со сертификат за Регистриран Бихејвиорален Техничар (АБА) и во тек е за Гешталт советник.
Главната цел во работата на Мери е поддршка и учење на децата со посебни потреби за да станат функционални граѓани во нашето општество, а со тоа индиректно да се влијае на квалитетот на живот на нивните семејства.
Петар Георгиевски дипломираше на Економскиот факултет во Скопје на департман маркетинг. Има единаесет годишно искуство во маркетинг агенција каде се стекнува со искуство во спроведување на истражувачки проекти и комуникациски кампањи за домашни и меѓународни организации и компании. Петар во рамки на здружението работи на истражувачки проекти, на подобрување на интерните и екстерните комуникации, на одржување и развој на сајтот sinasvetulka.mk и на организација на обуки и настани.