Децата и адолесцентите со аутизам за време на неизвесност (каков што беше периодот на COVID – 19) чувствуваат голем стрес при што бараат дополнителна поддршка од семејствата и лицата кои ги поддржуваат. Овие лица имаат потреба од:
-Поддршка во разбирањето;
-Поддршка во изразувањето;
-Одржување на рутини, менување на рутини и воспоставување на нови рутини;
-Адаптација на едукативни содржини во домот и
-Вештини за справување со однесувањето и смирување.
Овој проект преку кратки видео туторијали им помага на семејството/ старателите и лицата кои се во секојдневен или повремен контакт со лицата со аутизам (асистенти/наставници/терапевти) во обезбедување на поддршка на овие лица во домашни услови.