Проектот P.E.rfect е финансиран од Програмата Еразмус+ и неговата главна цел е да ги поддржи и интегрира учениците со аутизам и други попречености во наставата по физичко образование во основните училишта. За да се постигне оваа цел, се спроведуваат различни активности, вклучително и обука наменета за наставници по физичко образование.
Проектот започна со опсежно истражување во кое учествуваа 326 наставници од седум земји на Европската Унија: 43 учесници од Бугарија, 81 од Кипар, 63 од Чешка, 27 од Ирска, 67 од Република Македонија, 32 од Полска и 13 од Шпанија. Од анализата на резултатите од истражувањето, произлезе дека постои значителна потреба од развивање посебни вештини кај наставниците, со цел ефективно да се поддржи инклузијата на учениците со аутизам и други попречености во развојот.
Врз основаа на истражувањето од терен, тимот на проектот P.E.fect создаде
инструктивен пакет кој вклучува алатка за проценување, водич за цели (збирка на цели за часовите) и планови за часовите во кои се содржани соодветни стратегии за работа со учениците со аутизам. Алатките се достапни и може да се преземат бесплатно на овој линк.
Наскоро, на истиот линк, сите материјали ќе бидат достапни и на македонски јазик.