вебинар

Стратегии за справување со предизвикувачко однесување

20.10.2021 / 17 часот / Microsoft Teams

вебинар

Стратегии за справување
со предизвикувачко
однесување

20.10.2021 / 17 часот / Microsoft Teams

Пријавувањето за вебинарот е завршено!

Целни групи

  • Наставници, воспитувачи и други стручни профили од воспитните и образовните институции.
  • Професионалци кои им помагаат на деца со предизвици во однесувањето и нивните семејства.
цели на вебинарот

стекнување на знаење за

  • Што е тоа предизвикувачко однесување?
  • Кои се причините за предизвикувачкото однесување?
  • Како да го препознаете предизвикувачкото однесување.
  • Практични примери за откривање на функциите на однесувањето.
  • Основните стратегии за превенција и интервенција на предизвикувачкото однесување.
slagalica-siva-150-150-01
slagalica-siva-150-150-04
обучувач

Јасмина Трошанска

Доц. д-р Јасмина Трошанска е професор на Тетовскиот Универзитет и претседател на здружението Сина Светулка. Специјален едукатор и рехабилитатор со 17 години теоретско и практично искуство во работа со деца со нарушувања од спектарот на аутизам и Монтесори воспитувач за деца на возраст од 3-6 години. Јасмина има објавено повеќе од 30 научни трудови, во Македонија и во странство. Често е ангажирана како професионален соработник во Бирото за развој на образованието, консултант за дневни центри и градинки и предавач на студии за специјални едукатори и рехабилитатори. Од 2010 година, таа активно работи на меѓународни проекти, одржува едукации за родители и професионалци, учествува на форуми, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигање на свеста за аутизмот во општеството и за подобар живот на лицата со аутизам.

slagalica-siva-150-150-05

важни информации

Времетраење на вебинарот: 

4 часа ( 2 сесии, 2 паузи и сесија со прашања и одговори)

Сертификат: 

Секој учесник ќе добие сертификат за присуство на обуката. Сертификатот ќе биде доставен на вашата маил адреса во .pdf формат

Котизација: 

700 ден

За присуство на вебинарот пријавете се на овој линк.

Деталите за вирманска уплата се наоѓаат на овој линк.

Фирми и организации може да уплатат на фактура со тоа што при пополнување на Пријавата за организација одберете дека сакате да платите преку фактура.

Бројот на учесници е ограничен.

Краен рок за пријавување и уплата е 19.10.2021

За следење на вебинарот: 

Потребно Ви е интернет пристап, компјутер/лаптоп, таблет или паметен телефон. Доколку пристапувате од компјутер/лаптоп со Windows оперативен систем, не е потребна инсталација на апликацијата Microsoft Teams ниту кориснички профил. 

Инсталација на апликацијата е неопходна доколку пристапувате од таблет или паметен телефон. Детали за пристап на вебинарот ќе Ви бидат доставени заедно со линкот за вебинатор.

За сите нејаснотии пишете на petar@sinasvetulka.mk или јавете се на 077 726 652

© Copyright 2020 | Сина светулка | Дизајн: Петар

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.